Детали од вториот силен земјотрес во Мексико неделава, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

Една жена загина денеска во Мексико Сити во вториот силен земјотрес што го погоди Мексико оваа недела.

Властите на Мексико Сити соопштија дека една жена починала откако се сопнала по скалите од нејзиниот дом кога се огласиле сирените и зградите почнале да се тресат.

Наведено е и дека маж во јужниот дел на главниот град починал од срцев удар по земјотресот, пренесува „Ројтерс“.

Жителите на главниот град Мексико Сити излегоа на улиците откако се тресеа зградите и се огласија сирените, јавува „Ројтерс“.

Градоначалничката Клаудија Шајнбаум рече дека засега нема извештаи за материјална штета.

Епицентарот на земјотресот, чиј интензитет првично го процени Геолошкиот институт на САД на 7 степени, бил на длабочина од 27,7 километри.

Слични содржини