Детали за нападот во Норвешка: Една од жртвите му била поранешна сопруга на напаѓачот

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

Три лица, од кои едно потешко, се повредени во нападот што се случи утринава во Нумедал, Норвешка.

Маж, кој по потекло е од Сирија, нешто пред 9 часот извадил нож во центарот на градот, во близина на училиште и ги избодел сопругата и уште две лица, чиј идентитет не се соопштува.

Нападот се случил пред очите на неколку ученици кои случајно се нашле таму.

Локалните медиуми наведуваат дека осомничениот за кривичното дело и претходно бил обвинет за семејно насилство и дека му е забрането да ѝ се приближува на сопругата. Тој ја почитувал забраната, се до денес.

– Сега можеме да потврдиме дека постои семејна врска меѓу насилникот и една од жртвите. Насилникот и една жртва, жена, се во брак – соопшти полицијата.

Жената со хеликоптер е префрлена во болница со повреди опасни по живот, а нејзината состојба засега не е позната.

Медиумите наведуваат дека жртвата имала неколку деца со напаѓачот и дека децата сега се под грижа на Центарот за социјална работа.

Очевидци велат дека случајни минувачи се обиделе да го спречат напаѓачот да ја искасапи жената.

– Имаше многу крв. Набрзо пристигнала полицијата, пожарникарите успеале некако да го совладаат – изјавил очевидец за NRK.

Слични содржини