Минатата недела, српското Обвинителство за организиран криминал (ТОК) поднесе обвинение против Вељко Беливук и Марко Миjковиќ, како и 29 други членови на нивната криминална група, кои правеле најстрашни злосторства. Тие се обвинети за пет убиства и едно силување на млад човек, дистрибуција на дрога и оружје, а порталот Нова.рс ексклузивно ги открива деталите за обвинението.
Обвинението беше поднесено против Вељко Беливук, Марко Миљковиќ, Срѓан Лалиќ, Милош Будимир, Марко Будимир, Небојша Јанковиќ, Владо Драганиќ, Бојан Хрватин, Дејан Тешиќ, Никола Спасојевиќ, Немања Ѓуриќ, Немања Лакичевиќ, Марко Андриќ, Владо Георгиев, Александар Вучелиќ , Филип Ивановски, Жељко Коџиќ, Слаѓана Секулиќ, Борис Карапанџиќ, Никола Стефановиќ, Владимир Грек, Александар Шчепановиќ, Алекса Сејиќ, Мијат Симеуновиќ, Милош Лукиќ, Алекса Дуњиќ, Воислав Ѓорѓевиќ, Алекса Стошиќ, Владимир Димитријевиќ.
Тие се обвинети дека во периодот од почетокот на 2019 година до 4.2.2021 година. организирале криминална група, под маската на навивачката група „Принципи“. Групата постапила според наводите и упатствата на водачите на овој група, Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, односно каде, кога и на кој начин треба да бидат киднапирани и лишени од живот, како и каде ќе се стави дрогата во сообраќај.
Нарачките биле пренесени преку апликацијата „Скај“. Апликацијата ја користеле под кодните имиња Беливук – Сопрано, Миљковиќ – Леон и Кратос, Лалиќ – Бари, Будимир Марко – Катона, Будимир Милош – Арес, Драганиќ – Брале и Боске, Јанковиќ – Хел, Ѓуриќ – Тајсон, Спасоевиќ – Топаловиќ, Тешиќ – Флеш, Хрватин – Анакин и Лео Леку, Лакишевиќ – Џери, Стефановиќ – БМВ, Грек – Рагнарот, Димитријевиќ – Шепртља, Иванонски – Енгри, Карапанџиќ – Салваторе, Вучељиќ – Струја, Андриќ – Дисендор, Стошиќ – Ривен.
Злосторствата биле извршени во Ритопек, улица Ливадице бр.3, во посебна просторија наречена „кланица“, во која инсталирале индустриска машина за мелење месо, со која ги мелеле телата на убиените. Во таа просторија ги покривале подот и sидовите со најлон, а по убиствата ја чистеле просторијата и машината со хемиски средства за да ги измијат доказите, односно биолошките траги.
Во викендичката чувале голема количина оружје, експлозив, мини, огнено оружје и муниција.
Исто така, според Обвинителството за организиран криминал, кое го напиша обвинението на 322 страници, Беливук и Миљковиќ користеле блиндирано возилп од марката „Ауди а8“.
Првото убиство – Александар Глигоријевиќ – Пуки
Според ТОК, на 16 јуни 2020 година, откако дознал дека Александар Глигоријевиќ издава информации за движењата и плановите на членовите на криминалната група, како и наводно, дека со членовите на ривалската навивачка група планирал напад со снајперска пушка врз Беливук, обвинетите на свиреп и подмолен начин го лишиле од живот.
Го намамиле со приказна за купување ефтина дрога за да се сретнат со Марко Будимир во „Бетон Хала“, кои потоа го донеле до Ритопек, по инструкции на Беливук. Обвинетите имале работни одела, чизми, кои ги користеа.
Беливук, Драганиќ, Спасојевиќ, Јанковиќ, Лалиќ, Милош Будимир го убиле, го исекле на парчиња, го сомлеле и делови од телото ги фрлиле во Дунав. Потоа истурале бензин врз предметите и ги запалиле, додека со хемиски средства ја чистеле просторијата што ја користеле за извршување на најтешките злосторства.
Второто убиство – Горан Величковиќ – Гокси
Според Обвинителството, на 3 август 2020 година, Вељко Беливук, Марко Миjковиќ, Милош Будимир, Јанковиќ, Ѓуриќ, Лалиќ, Спасојевиќ, Тешиќ, Хрватин и Драганиќ го убиле Горан Величковиќ. Тој бил намамен на улицата Вишеградска со приказна за наводна набавка на оружје.
По состанокот, Хрватин и Велишковиќ се качиле во истото возило, а потоа се упатиле кон договореното место со наводниот продавач на оружје. Други членови на групата го совладале со извици „Полиција“, а потоа го фрлиле Величковиќ во товарниот дел од пикапот и го однеле во Ритопек – вила опремена со најсовремен видео надзор, која им била дадена од обвинетиот Драганиќ.
Го мачеле, тепале, ноктите му ги кршеле, бидејќи наводно сакал да ги убие Миљковиќ и Беливук. Потоа Миљковиќ со секира му ја отсекол главата. На масакрираното тело напишаа „Корач п**“, а тие фотографии ги испратиле на контакт броевите на Величковиќ и ги споделиле со пораката „Види, кукло, Мексико среде Белград“. Потоа го сомлеле и го фрлиле во Дунав.
Третото убиство – Лазар Вукичевиќ
На 14 октомври 2020 година, откако дознале дека Лазар Вукичевиќ наводно ги набљудувал Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, членовите на криминалната група го убиле.
Додека Беливук и Миљковиќ биле во Црна Гора, користејќи го шифрираниот телефон на Мило Радуловиќ, висок припадник на спротивставената криминална група со која Вукишевиќ соработувал, тие го намамиле на состанок.
Миљковиќ и Беливук преку телефон побарале членовите на неговата група да бидат „особено сурови кон него“ со порака: „Нека страда најмногу“.
Вукичевиќ бил намамен преку шифрирана порака со зборовите дека Беливук е киднапиран и дека треба да биде ликвидиран.
Откако го намамиле во куќата во Ритопек, Срѓан Лалиќ со жешка пегла поминува по неговото тело. Драганиќ, Будимир Милош, Ѓуриќ сите му ставале гумено црево во устата и му пуштале вода да се задуши, односно го удавиле. (Не се објавени одредени детали поради вознемирување на јавноста).
Следниот ден, Хрватин заедно со нив го сечеле телото, кое потоа го сомлеле и го фрлиле во Дунав.
Четвртото убиство – Здравко Радојевиќ
Од 30 октомври 2020 година до 10 ноември 2020 година, членовите на криминалната група го следеле, а потоа го убиле Здравко Радојевиќ. И тоа со примамување на состанок на 10 ноември 2020 година, со тоа што Миљковиќ преку телефон се претставил како лажен продавач на оружје.
Лакичевиќ го искористил своето познанство кажувајќи му на Радојевиќ дека неговата безбедност е загрозена и му дал автомобил за користење, што им олеснило на обвинетите да го следат.
Тој бил намамен во близина на ЈП „Ласта“, каде се сретнал со наводниот купувач на оружје, Јанковиќ. Оттаму, потоа се упатиле кон местото каде што наводно се наоѓало оружјето. На свиокот на автопатот, други членови на криминалната група го блокирале автомобилот на Радојевиќ, а потоа го пренесле оттаму во куќата во Ритопек.
Го врзале во куќата, го зеле шифрираниот телефон што го користел, го принудиле да го отклучи, да види со кого има контакт, потоа му дале пиштол во раце, за да му останат трагите и пукале во куќата на Будимир Марко истиот ден. Тие го направиле ова за подоцна да се добие впечаток дека Радојевиќ наводно избегал и исчезнал поради тоа.
Го соблекле, го врзале, му ставија табла под главата и Вељко Беливук му ја отсекол главата со секира. Потоа Хрватин, Будимир, Драганиќ, Јанковиќ и Беливук му го исекле телото, го ставиле во индустриска мелница за месо, а потоа деловите од телото ги фрлиле во Дунав.
Членовите на организираната криминална група тогаш ги присвоиле автомобилите на Радојевиќ – два мерцедеси, еден „ренџ ровер“ и „шкода карго“.
Петтото убиство – Милан Љепоја
Според Обвинителството за организиран криминал, на 9 декември 2020 година, членовите на оваа криминална група го убиле Милан Љепоја затоа што тој наводно бил член на ривалска криминална група, која учествувала во обидот за убиство на Радоје Звицер во Украина, со кого Беливук и Миљковиќ се во пријателски односи.
Тој бил намамен со приказната за купување блиндирано возило, а Љепоја ја прифатил оваа лажна понуда. Така, на 8 декември 2020 година, тие донеле блиндирано БМВ во дворот за да изгледа поубедливо.
Бил претепан, мачен, испрашуван за активностите на ривалските криминални групи и за неговото наводно учество во убиството на Звицер.
Беливук, Хрватин, Лалиќ и Јанковиќ му ставила кеса преку главата и го убиле Љепоја со жица околу вратот, го фотографирале неговото масакрирано тело, а потоа испратиле слики до контактите од неговиот телефон, кој бил отклучен со принуда да го стори тоа.
Силување и три дена тортура во Хумска
На 8, 9 и 10 август 2020 година, во ресторан во Хумска, во просториите под трибината, некои членови на оваа криминална група насилно го киднапирале и малтретирале И.С., кој ја преживеа страшната тортура.
Шејиќ Алекса, Мијат Симеуновиќ и Лукиќ Селак Милош го пронашле И.С., пред ресторанот, со телефон во раката и насилно го одвлечкале во собата.
Тие барале тој да им каже кој го испратил и го обвиниле дека е кодош, дека ги снима, ги следи и дека го прави сето тоа за навивачката група „Алкатраз“. Тие ги известиле Миљковиќ и Беливук за тоа, го затвориле во просториите што ги користеле, го држеле врзан три дена и наизменично го тепале.
Бил тепан со дрвена мотика, која ја скршиле од тепањето, бидејќи наводно ги „наместил“ водачите на групата. Алекса Шејиќ го силувал. (Детали нема се објавени поради вознемирување на јавноста)
Според Обвинителството за организиран криминал, Шејиќ работел како келнер во Хумска, а неговата задача била да продава наркотици во споменатото кафуле.
Инаку, според Обвинителството за организиран криминал, од 31 лице, само 11 од нив дошле во викенд куќата во Ритопек. Станува збор за тесен круг соработници на Беливук и Миљковиќ, во кои доверба имаа водачите на оваа криминална група.
Оштетениот, исто така, рекол дека членовите на групата го пронашле бројот на убиениот водач на навивачите Љубомир Марковиќ Киќ и Перо „Алкатраз“ во неговиот телефон.
Тој истакна дека навивачите го познавале бидејќи одел на натпреварите на Партизан од 2017 година. Ноќта пред кобниот настан, тој разменувал пораки со Перо „Алкатраз“, бидејќи требало да му најде работа во фабрика за делови. Тој посочи дека во Белград дошол како турист. Прво, тој бил на Калемегдан, од каде се упатил кон стадионот ЈНА, каде што бил „заробен од членовите на јужната трибина“, со зборовите: „Пожаревац, што правиш тука?“.
Ракетни фрлачи, гранати, пластични експлозиви
Инаку, при претрес на викендичката во Ритопек, запленето е големо количество оружје и муниција. Запленети се автоматски пушки, полуавтоматски пушки, пушки со мал калибар, пиштоли, ловечки пушки, пиштоли за стартување, пушки со пумпа, револвери, пластични експлозиви, гранати, мини, рачни ракетни фрлачи, детонатори, каписли…
Негираа, призна Хрватин, Беливук и Миљковиќ молчеа, па го обвинија врвот на државата
На сослушување во февруари, повеќето членови на криминалната група избраа да се бранат со молчење, додека некои од нив, кои ја изнесоа својата одбрана, ја негираа вината.
Лидерите на групата, Беливук и Миљковиќ, во јули оваа година ги презентираа своите одбрани пред обвинителот, обвинувајќи го државниот врв, односно претседателот Александар Вучиќ и министерот за полиција Александар Вулин, за знаење за активностите на оваа група.
Тие посочија дека правеле услуги за државата, додавајќи дека ќе презентираат бројни докази што укажуваат на тоа во следниот дел од постапката.