Детали за пукањето во Чаир

од Берта Китинска
372 прегледи

Вчера во скопската населба Чаир, според информациите во медиумите убиен е Јонуз Идризи, а двајца се ранети.

МВР денеска излезе од официјални информации според кои кај нив вчера околу 21.40 часот било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Браќа Реџепагиќ“ две лица пукале со автоматско оружје.

-Од пукањето со тешки повреди се здобил Ј.И.(47) од Скопје и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 22.20 часот починал. Исто така, со повреди се здобиле М.А.(43) и Л.Ш.(42) од Скопје, кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Според првичните неофицијални информации братот на убиениот бил убиен за Рамазан минатата година. Станува збор за Камбер Идризи.

Вооружениот судир се случи лани на 12 мај во Бутел, каде на лице место беше убиен 43-годишниот Камбер Идризи, додека неговиот внук Ергин Исени, беше тешко повреден и почина во болница.

Слични содржини