Полициската управа Целје попладнево соопшти дека сите пет загинати во тешката сообраќајка што се случила претполаднево, кога комби удрило во застанат шлепер, биле патници во комбито, во кое се претпоставува дека имало седум лица. Возачот на комбито, украински државјанин е тешко повреден.
Причината за несреќата е неприлагодена брзина, појасни инспекторка од ПУ Целје, но напомена дека увидот уште трае.
Несреќата се случила кај одмориштето Тепање во близина на градот Велење. Пред 10 часот 10.30 часот, на автопатот Љубљана – Марибор во близина на излезот за Словенске Коњице, во правец кон Љубљана, комбито удрило во шлеперот што стоел поради застој.
Првичните информации беа за четиримина загинати, но потоа словенечката полиција соопшти дека пет лица подлегнале на повредите во судирот, а еден е повреден.
Сообраќајот поради увидот пет часа се одвиваше отежнато, при што само малку автомобили беа пропуштани по алтернативни патни правци.
Тешка сообраќајка во Словенија – пет лица загинале кога комби удрило во застанат шлепер