Вистинска војна се водеше на улиците на Тирана пред финалето на Лигата на конференциите, кое на програмата е вечерва од 21.00 часот меѓу Рома и Феенорд.
Навивачите на овие два клуба се судрија ноќта пред натпреварот во близина на стадионот. Дошло до жесток судир со полицијата и локалното население.
Албанските медиуми наведуваат дека 46-годишен Албанец бил брутално претепан од навивачите на Феенорд и завршил во болница, а за тоа биле уапсени осум холандски навивачи.
olandesi e albanesi questo pomeriggio,un albanese colpito alla testa in ospedale pic.twitter.com/HYcoWYZMcY
— matteriete🦊🦦 (@matt_eoo0) May 24, 2022
Генерално, холандските хулигани се прилично насилни по цел ден, уништиле и еден полициски автомобил. Жестока пресметка со полицијата имаа и навивачите на Рома, а полицијата мораше да реагира и да испука солзавец.
Со соопштение со информации за повредени и уапсени излезе и тиранската полиција.
Според портпаролот на албанската полиција, повредени се 12 полицајци, а оштетено е едно полициско возило. Уапсени се 48 навивачи од Италија и 12 од Холандија. Меѓу учесниците во конфликтот, меѓу повредените има четворица Албанци, тројца Италијанци и еден Холанѓанец, а вкупно 12 од сите повредени завршиле во болница.
Погледнете и како изгледаат снимките од нередите: