Деталите за трагедијата во Кавадарци: Се обидел да ги раздвои лицата кои се степале, па со нож бил избоден неколку пати

од Берта Китинска
314 прегледи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со екипа на крим техника изврши увид на местото каде вчера со остар предмет едно лице беше лишено од живот.

-На 15 ноември 2021 година, околу 23:30 часот, по претходна вербална расправија на осомничениот со друго лице, оштетениот се обидел да ги смири и да ги раздвои. При тоа, осомничениот замавнал со дрво и го удрил оштетениот по главата, со што го бутнал на подот, а потоа неколкупати го избодел со нож во пределот на градите. Од здобиените повреди, на пат кон итната медицинска помош, лицето починало. Осомничениот по извршеното дело се дал во бегство, но во текот на денов е лишен од слобода.

Обвинителството издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, наредба за сослушување на повеќе лица кои сведочеле на настанот и можат да дадат податоци потребни за истрагата, како и насоки за преземање други истражни дејствија.

Поради стореното кривично дело, обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот, лице на возраст од 45 години, за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Kривичниот законик. Едновремено, во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Kавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, соопштија од ОЈО.

Слични содржини