Детална временска анализа за наредните денови

од Берта Китинска
262 прегледи

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. УВ индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 20 степени, а дневната од 24 до 35 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност и утринска температура до 15 степени, а дневна до 32 степени.

До петок времето ќе биде сончево со повремена мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, а веќе в петок и сабота во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност.

Според најавите на синоптичарите, до четврток ветерот ќе дува од северен правец, а потоа од јужен правец.

Дневната температура до средината на неделата ќе биде во пораст, а потоа нема многу да се менува. Минималните температури ќе достигнат до 23 степени, а максималните до 37 степени.

Слични содржини