Дете од Лас Вегас пронашло пиштол во двор на градинка и случајно се застрелало

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Дете од Лас Вегас случајно се застрелало откако пронашло пиштол на земја на игралиште во градинка.

Детето, кое било пренесено во болница за лекување на повредите, пронашло пиштол кој го фрлил тинејџерот кој бегал од местото откако отворил оган во автобус, соопштија властите.

Малото дете, кое е помладо од пет години, „пронајде огнено оружје, го зеде и случајно се застрела“, рече заменик-началникот на полицијата Реџи Радер на полицискиот брифинг во петокот.

Радер им кажал на новинарите дека детето е во стабилна, но критична состојба од петокот, пишува „Индипендент“.

Во петокот наутро тинејџер помлад од 18 години отворил оган врз друго лице откако тие се скарале во градски автобус, соопшти полицијата.

Двајцата тинејџери наводно се расправале во автобусот кога осомничениот извадил пиштол и пукал во нив, рече Радер.

Тинејџерот потоа избегал од автобусот и истрчал помалку од еден километар до градинката.

Осомничениот потоа, наводно, го прескокнал ѕидот во близина на градинката, каде што го фрлил пиштолот.

Уште едно лице е исто така хоспитализирано, но се верува дека е во стабилна состојба, рече Радер.

Слични содржини