17
На 16.06.2025 околу 18:20 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„Мојси Големи“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од У.Ц.(53) од Дебар и електричен тротинет, управуван од малолетник од Дебар.
Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар“, информираат од МВР..