Дете загина од товар со хуманитарна помош фрлен со падобран во Газа

од desk2
21 прегледи Фотографија: Министерство за одбрана на Шпанија

При фрлање хуманитарна помош со падобрани во Газа, во саботата едно момче (14) било убиено од еден таков товар, соопшти болницата Ал Авда во Појасот Газа.

Многу западни земји се решија да доставуваат помош со падобрани, откако Израел го дозволи тоа, по критиките и извештаите дека хуманитарната помош што доаѓа однадвор се блокира од страна на Израел и многу мал дел од неа доаѓа до населението на Палестинската територија.

Сепак, ОН предупреди неодамна дека доставувањето хуманитарна помош со падобрани е неефикасно, скапо и опасно во густо населени области, каква што е Газа.