„Детектор“: Речиси половина од граѓаните ќе излезат на избори доколку се одржат во јуни

од Vladimir Zorba
285 прегледи

Половина од граѓаните не се согласуваат со предлогот на власта за избори во јуни, покажува најновата анкета која за „Детектор“ ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, најголемиот дел од граѓаните или 24,2% сметаат дека изборите треба да се одржат во септември. 22,8% се на ставот дека избори треба да имаме по септември.

Најмал е процентот на граѓани кои сметаат дека изборите треба да се одржат во јуни. Ваков став имаат 15,1% од анкетираните. За избори во јули се 17,6% а за изборен датум во август, 15,8% од анкетираните.

Доколку сепак изборите се одржат во јуни или првата половина на јули анкетата на Детектор покажува дека на гласање ќе излезат 48,2% од анкетираните додека дури 35,1% велат дека нема да гласаат.

Истражувањето на јавното мислење е спроведено телефонски во периодот од 13 до 14 мај годинава, врз репрезентативен примерок од 1108 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.

Слични содржини