Детето чудо на Реал Мадрид повреди дефанзивец со … финта (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Идниот фудбалер на Реал Мадрид – бразилското дете чудо Винисиус покажа зошто шпанскиот гигант плати за него 45 милиони евра во мај 2017 година. Роден во јули 2000 година, тинејџерот игра под наем од „лос бланкос“ во матичниот тим Фламенго, но веќе е сопственост на светскиот клупски шампион и навивачите на Реал веројатно веќе задоволно тријат раце и немаат трпение да го видат суперталентот со белиот дрес.

17-годишниот Бразилец не само што постигна втор гол во 77-та минута во победата на Фламенго со 2:0 против Боависта во финалето за трофејот „Гуанабара“. Освен со погодокот, Винисиус блесна и со уште нешто што се покажа доста болно за дефанзивецот на противникот, Каду Фернандез.

Дефанзивецот навистина немаше свој ден, откако прво си постигна автогол во 64-тата минута, а четвртина час пред крајот на дуелот буквално се повреди по финта на Винисиус Жуниор крај аутлинијата. Беспомошниот Каду падна на тревата и не успеа да го доигра натпреварот, откако беше принуден да го отстапи местото на свој соиграч.

Винисиус Жуниор исто така постигна убав гол во победата на Фламенго со 3:1 против Ботафого во полуфиналето.

Слични содржини