Нервозата е легитимна и кај родителите и кај наставниците и учениците изминатиов период бидејќи самата ситуација налага така да се одесувам, вели министерката за образование и наука Mила Царовска во Топ Тема на Телма телевизија.
-Одлуката за физичко присуство на часовите ќе зависи од епидемиолошката состојба во тој момент. Сметам дека е важно мислењето на Комисијата за заразни болести и треба да се почитува. Ја селдиме ситуацијата затоа ќе одиме чекор по чекор. Односно на почетокот со физичко присуство ќе имаат децата до трето одделение, а понатаму ако епидемијата стивне полека ќе се враќаат и другите ученици од повисоките одделенија. Нашата држава покажа дека знае да се заштит од епидемијата и затоа нема да го следиме примерот од останатите земји, каде се отворија и потоа се затворија училиштата. Претпазливо ќе ги носиме одлуките. За децата кои ќе бидат без уреди ќе имаат можност преку националната телевизија да ги следат едукативните емисии кои ќе бидат снимени,а доколку детето нема и телевизор ќе треба училиштето да изготви материјали, изјави Царовска.
Министерката најави дека во тек се подготовките за изработка на протоколите за отворање на студентските домови.