Детски креативен камп за музика, сцена, лично и тимско усовршување од денеска до сабота ќе се одржува во Охрид.
Во креативниот камп предвидени се повеќе активности, меѓу кои правилно дишење, артикулација, изговор, како да се справите со трема, сцена и однос кон публика, соло пеење, пеење во група, темпо, ритам, динамика, однос кон микрофон и подигнување на личен и тимски дух.
Кампот ќе го држат Дејан Лилиќ, Андријана Јаневска и Давор Петровски.