Германија и други сојузници од Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) се обидуваат да го спречат идното домаќинство на Турција на самитот на Алијансата, која ќе биде одржана другата година,пренесе Deuche Welle. Претставници на земји-членки на Организацијата сакаат да го избегнат впечатокот дека со тоа ја поддржуваат внатрешната политика на Турција. 
85
За Германија, Франција, Холандија и Данска се тврди дека се обиделе да го блокираат одржувањето на самитот на НАТО во Турција другата година. Вкупно 18 земји од Европската унија, како и Канада, се согласиле со одлуката да биде спречено одржувањето на средбата во турскиот град Истанбул.