Deutsche Welle: Ќе се кандидира ли Путин пак за претседател?

од desk3
70 прегледи

За да ја објави својата намера да се кандидира повторно за претседател на Русија во 2018 година Владимир Путин има потреба од катаклизма. Инаку нема причина тој да биде реизбран, рече  политикологот Иван Преображенскиј, за руската редакција на Deutsche Welle . До претседателските избори во Русија остануваат уште околу девет месеци, но Владимир Путин засега не  одговорил на прашањето дали ќе се кандидира за нов мандат. Во Кремљ веќе работат на неговата предизборна програма, градејќи ја околу поимите “правда”, “доверба” и “почит”, а тој се уште молчи. Путин често е прашуван за тоа какви планови има, но тој демонстративно го избегнува одговорот, срамежливо се смешка како млада девојка, на кој и предложиле брак. Не се чини ли чудна оваа имитација на политичка невиност од страна на искусен лидер? 
Без сомнение Владимир Путин знае дека токму неговото кандидирање за нов мандат најмногу го возбудува секој  новинар кој го интервјуира. Но тој продолжува да го одбегнува давањето на директен одговор: дури и за време на “директната линија”, кога неговиот тим сам го провоцира ова прашање. Пораката на претседателот  е секогаш иста: не треба да се престигнат  настаните. “Што се однесува до изборите во 2018 година, би сакал да кажам дека има теми, при што треба да се остави простор за одредена интрига. Затоа јас нема да одговарам целосно на вашето прашање “, истакна Путин за време на интервјуто со американскиот режисер Оливер Стоун.

Инаку избирачите можат  и воопшто да не излезат на  гласање. А на властите им треба невообичаено висока излезност која ќе покаже дека Путин повторно добил огромна доверба на народот.
Интересно е политичката елита да биде држена во незнаење, за да се набљудува внатрешната конкуренција, а можеби и за да се управува. Нека јават најсмелите за да се обидат да докажат дека тие можат да станат претседатели, ако Путин навистина одлучи да го пропушти “овој круг”, како што тоа го направи во 2008 година