Deutsche Welle: Тероризмот во Германија во последната година – спречени и оддржани исламистички напади

од Vladimir Zorba
105 прегледи

За година дена органите на редот во Германија уапсија десетици приврзаници на блискоисточната радикална група “Исламска држава” и спречија голем број обиди за терористички напади на територијата на земјата. Некои сепак властите не успеаја да ги избегнат. Deutsche Welle потсетува на спречените и на одржаните исламистички напади во последната година во Германија.

Терористичките напади, кои не беа спречени

Во февруари оваа година 15-годишна Мароканка нападна со нож полицаец на железничката станица во Хановер при проверка на документите. Во резултат жртвата доби тешки повреди во грлото пред напаѓачката да биде совладана. Инспекциските органи ја претставија верзија според која младата девојка се радикализирала кон крајот на 2015 година, кога е дошла со контакт со терористи од “Исламска држава”, и била врбувани ја да изврши напад во Германија.
Во текот на летото во СРГ беа извршени уште два терористички напада. На 18 јули 17-годишен бегалец од Авганистан нападна со секира и нож патници во регионален воз недалеку од Вирцбург. Четири лица добија тешки повреди. Напаѓачот беше застрелан при обид за негово апсење. Одговорноста за нападот ја презеде “Исламска држава”.
На 24 јули 27-годишен Сириец се разнесе во центарот на баварскиот град Ансбах за време на музички фестивал. Настрадаа 15 лица, самиот напаѓач загина. Во распространетото на интернет видео тој се определува за член на радикалната група “Исламска држава” и открива за планираниот терористички напад. Неговоито барање за доделување азил во СРГ бил отфрлен. Сириецот добил одложување на депортација, а властите се подготвувале за присилно враќање во Бугарија.

Терористичките напади, кои беа спречени

Од крајот на 2015 година германските тајни служби успеаја да спречат неколку напади кои се наоѓаат во различни фази на планирање. Во декември минатата година полицијата приведе три лица обвинети за создавање терористичка ќелија и подготовка на серија напади во Германија. Според податоците на Обвинителството приведените почнале подготовките во есента 2015 година, а првиот напад требал да биде извршен во Берлин.
Во новогодишната ноќ полицијата евакуира централната станица во баварската престолнина Минхен, а исто така и еден од распоредените во западниот дел на градот. Активностите на властите беа поврзани со информации за плановите за експлозии, кои требало да бидат активирани од група од пет до седум самоубиствени бомбаши со ирачко и сириско потекло, постапувајќи по наредба на “Исламска држава”.
Во февруари полицијата изврши серија апсења во неколку федерални провинции. Четворица од нив се подготвувале напад во Берлин, соопштија истражните органи. Брачната двојка од Алжир била под истрага во нивната татковина за членство во “Исламска држава”.
Во јуни беа уапсени тројца Сиријци кои според податоците на германските власти подготвувале терористички напад во Дизелдорф. Плановите ги открил четврти учесник во заговорот, кој се предал на француската полиција. Двајца од групата требало да се саморазнесат во центарот на градот, а останатите двајца – да другите требало да пукаат на случајните минувачи. Се претпоставува дека еден од фатените бил во врска со “Исламска држава”, а друг – со “Џебхат ан Нусра”.
Во август во Северна Рајна-Вестфалија уапсени се три лица, кои планирале да удрат на фудбалска средба од германскиот шампионат. Во исто време во Рејнланд-Пфалц се приведени и осомничени членови на “Исламска држава”, кои планирале слични активности за време на фудбалски натпревар од Бундеслигата.
Конечно – во октомври во Лајпциг беше уапсен Сириецот Џабер ал Бакр по серијата не успешни обиди на полицијата да го открие бегалецот. Младиот Сириец, добил статус на бегалец, беше осомничен за подготовка на терористички напад и врски со “Исламска држава”. Во неговиот стан беа најдени експлозивни материи. Подоцна полицијата уапси уште двајца вмешани во планот. Сириецот не беше изведен на обвинителна клупа, бидејќи се обеси во притвор неколку дена по неговото апсење.

Апсења на симпатизери на “Исламска држава”

Не секогаш задржувањето на осомничени членови на “Исламска држава” е поврзано со планови за терористички напад. Властите извршија апсења на голем број врбивани лица и џихадисти, кои се вратиле во Германија по учество во воените дејствија во Сирија.
Под сомнение за врски со “Исламска држава” во Германија во октомври 2015 година се уапсени три лица, во ноември, и во декември истата година – по еден човек. Во следните месеци, во ќелии биле осомничени – двајцат кои биле приведени во март, тројца – во септември, а во ноември – цели шестмина. Дваесет исламисти биле откриени и меѓу редовите на Бундесвер, уште 60 се под истрага од страна на надлежните органи.
Министерот за правда на СРГ Хајко Мас откри во јули дека Обвинителството истражува “околу 120 случаи против 180 лица осомничени за членство или за поддршка на терористичка група”, најчесто “Исламска држава”. Во земјата сепак има многу повеќе лица кои се сметаа потенцијална закана за безбедноста на граѓаните.