Девет фирми добиле покана да достават понуда за Букојчани-Кичево

Станува збор за дел од новиот автопат Гостивар - Кичево.

од desk2
17 прегледи

Јавното препријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека е завршена претквалификациската фаза на тендерот за изградба на автопатот Букојчани-Кичево кој е дел од Коридорот 8.

Станува збор за дел од новиот автопат Гостивар – Кичево.

Девет фирми кои ја поминале оваа фаза влегуваат во процесот за избор на изведувач за изградба на автопатот. Тие добиле покана да ги достават своите финансиски понуди до 30 септември.

По овој рок, како што додаваат од ЈПДП, ќе следува фаза на евалуација на понудите и избор на најподобен изведувач.

Според претходните најави, вкупните проектирани трошоци за изградба на делницата од Букојчани до Кичево со должина од 10,2 километри изнесуваат 132,7 милиони евра, од кои 110 милиони евра се заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а 19,8 милиони евра инвестициски грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Со кредит од ЕБОР ќе се гради автопатот Букојчани-Кичево кој е дел од Коридорот 8

Согласно повикот за претквалификација објавен на 4 февруари годинава, новата автопатската делница ќе има двоен коловоз со по две сообраќајни ленти од 3,5 метри со брзина на движење од 100 километри на час.

Слични содржини