Девет газди не ги пријавиле работниците што им работат во недела, добија само опомени

од Nikola Popovski
697 прегледи

Во текот на вчерашниот ден почнаа контролите на Државниот трудов инспекторат во однос на спроведување на Законот за работни односи и недела како неработен ден. Биле извршени 36 контроли низ државата, а утврдени 9 неправилности, претежно во угостителски објекти. Сепак, работодавачите добиле само опомена, бидејќи не го пријавиле бројот на вработени до инспекторатот.

-Доколку не испочитуваат решение со опомена, даваме решение со наредба и на контролниот надзор, ако не испочитува, тогаш одиме со прекршочни санкции. Во делот на работа во недела, доколку работодавачот не е во оние 42 исклучоци во дејноста, тогаш тука нема опомена, туку директно одиме со инспекциска мерка, затворање на објектот и плус прекршочна глоба во висина од 400 до 1000 евра, во денарска противвредност, информира директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска.

За обејктите кои ќе работат во недела, работодавачите најдоцна до сабота треба да поднесат листа со вработени кои ќе работат. Согласно законот, тиа треба да добијат дневница повисока за 50 отсто.

Слични содржини