Девет лица загинаа при пад на мал авион во Шведска

од desk2
117 прегледи

Девет лица загинаа при пад на мал туристички авион во северниот дел од Шведска, соопштија локаните власти.

„Сите девет лица, колку што имало во авионот, загинаа во несреќата“, изјави портпаролката не наведувајќи го идентитетот на жртвите.

Медиумите пренесоа дека авионот превезувал падобранци и дека несреќата се случила околу 14 часот.

Причините за несреќата засега не се познати.