Девет пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани синоќа пристигнале во српскиот Ургентен центар, додека тројца пациенти се примени на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград. Дванаесет пациенти повредени во несреќата во дискотеката во Кочани синоќа со авион „CASA C-295“ на српската Армија беа пренесени кај нашиот северен сосед.
Претходно, авион со четворица лекари и четворица медицински техничари полетал за Македонија за медицинска евакуација на повредените во несреќата.
Исто така, двајца пациенти кои со воени амбулантни возила биле пренесени од Македонија се на лекување во Воената болница во Ниш и Клиничкиот центар Ниш.
За да им се пружи помош на повредените, планирано е во земјава да останат двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог), како и медицински техничар-инструментар.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој избувна во неделата во три часот по полноќ сабота кон недела за време на концертот на „ДНК“, според последните информации загинале 59 лица, а 155 се повредени, од кои 22 се во критична состојба.