Девет пати Мицкоски најавува мнозинство и девет пати има неуспех, вели Жерновски

од Nikola Popovski
645 прегледи

Поранешниот градоначалник и поранешен заменик-министер, Андреј Жерновски вели дека сакал ВМРО-ДПМНЕ да освои повеќе градоначалнички места отколку на последните избори, но дека не очекувал ваква разлика.

-Апсолутна власт може да донесе притисок и одговорноста сега се споделува што ќе остварат, како ќе се однесуваат, како ќе вработуваат, што ќе вработуваат, посочува Жерновски.

Тој изјави дека досега лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски „9 пати најавувал мнозинство во Собранието и 9 пати има неуспех“.

-Чудно е да се најавува мнозинство, па да се бараат избори. Граѓаните знаат што значи парламентарни, локални или претседателски избори. Зошто опозицијата тврди дека има мнозинство, а бара избори?, прашува Жерновски, во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Слични содржини