Нашето тело ќе покаже бројни симптоми кога му недостига магнезиум. Еве ги првите 9 симптоми на кои треба да внимавате, како и начини на кои можете да го надополните овој важен минерал.
– Иако многумина знаат што е магнезиум, многумина не се свесни колку овој минерал е важен за човечкото тело. Тој е вклучен во повеќе од 300 метаболички процеси во телото. Магнезиумот игра клучна улога и во транспортот на калциумот низ клеточните мембрани – вели Јелена Пак, дипломиран натуропат и открива 9 главни симптоми на недостаток на магнезиум.
Постојани болки и грчеви во мускулите
Ниското ниво на овој минерал во телото може да предизвика грчеви и болки. Магнезиумот е многу важен за релаксација на мускулите. Кога на телото му недостига магнезиум, мускулите може неволно да се контрахираат, што може да предизвика болни грчеви.
Желба за чоколадо
Кога копнееме за храна, нашето тело сигнализира дека му треба одредена хранлива материја. Ако често чувствувате потреба за чоколадо, тоа може да е знак за недостаток на магнезиум. Темното чоколадо содржи околу 24% од дневните потреби за магнезиум.
Постојана вознемиреност
Ако постојано чувствувате стрес и вознемиреност, причината може да биде недостаток на магнезиум. Магнезиумот е минерал за релаксација, па неговиот недостаток може да влијае на начинот на кој мозокот ги обработува мислите и емоциите.
Проблеми со спиењето
Друг чест симптом на недостаток на магнезиум е несоницата. Ако имате проблем да заспиете или да останете на спиење, тоа може да биде знак дека на вашето тело му недостасува магнезиум.
Проблеми со варењето на храната
Релаксирачкиот ефект на магнезиумот се однесува и на дигестивниот тракт. Кога на телото му недостасува магнезиум, цревата повеќе се собираат, што го отежнува поминувањето на храната низ системот.
Висок крвен притисок
Магнезиумот помага да се релаксираат крвните садови и да се регулира крвниот притисок. Ако имате висок крвен притисок, недостатокот на магнезиум може да биде една од причините.
Постојани главоболки и мигрена
Вашата честа борба со мигрена и главоболки може да биде сигнал дека на вашето тело му недостасува магнезиум. Следниот пат кога ќе ве боли главоболка, обидете се да јадете чоколадо наместо да пиете лекови.
Неправилно чукање на срцето
Магнезиумот игра улога во одржувањето на здравјето на срцето со тоа што им помага на срцевите мускули да се релаксираат. Кога на телото му недостасува магнезиум, срцето може да почне да чука неправилно.
Киселини
Честите киселини и гадење може да бидат знак за недостаток на магнезиум. Со зголемено внесување на храна богата со магнезиум, вашето тело може повторно да функционира нормално.
Храна богата со магнезиум:
Бразилски ореви
Авокадо
Какао
Спанаќ
Индиски орев
Семки од тиква
Бадеми