Деветгодишно дете натепано од 45-годишниот сосед, жена нападната на автобуска постојка во Автокоманда

од desk2
310 прегледи

Деветгодишно дете вчера било натепано до 45-годишниот сосед, извести МВР.

Во Полициската станица Виница од страна на Итна медицинска помош Виница е пријавено дека од страна на родителите кај нив бил донесен деветгодишен малолетник со повреди на главата и телото, а, според пријавеното, бил нападнат од страна на нивниот сосед С. Т. (45).

Виничката полиција работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Жена на возраст од 55 години вчера попладнето била нападната на автобуска постојка во Автокоманда, при што ѝ биле нанесени повреди,извести МВР.

Министерството пишува само дека напаѓачот е „машко лице“ и не изнесува повеќе информации.

Случајот на скопјанката А.Г.И. (55) бил пријавен во полиција од Клиничкиот центар.

Полицијата вели дека работи на расчистување на случајот.

Во скопското село Крушопек, синоќа бил нападнат и Б.С. (39), жител на селото. Тој во полиција пријавил дека бил нападнат пред угостителски објект во селото, од страна на М.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини