Девет осомничени се уапсени во серија антитерористички операции во Франција во вторникот, а има уапсени и во Швајцарија.

Антитерористичките акции се спроведени во околината на Париз и во регионот Алпи-Маритим на јужниот брег на земјата.
Според извештаите деветмина се уапсени на возраст од 18 до 60 години во рациите на француската специјална анти-терористичка полиција.
Уапсени се лице во близина на Париз, на Марсеј и во градот Ментон на границата со Италија. Исто така, уапсен е еден и во Швајцарија, со што бројката на уапсени се искачи на десетмина.
Според BFM TV уапсените се сомничат за планирање терористички напади.
Тие разменувале шифрирани пораки, а истрагата треба да покаже каде имале намера да нападнат.
Операцијата е покрената седум дена по усвојувањето на законот за безбедност со кој Франција ја укина вонредната состојба која беше на сила две години, по нападите на исламистичките милитанти во Париз.
Повеќе од 240 луѓе се убиени во Франција од почетокот на 2015 година во напади на терористи кои се инспирирани од Исламска држава.