Деветнаесет години казна затвор за Ангела, обвинета за помагање на убиството на Пино

од Берта Китинска
385 прегледи

Ангела Ѓорѓиевска која беше обвинета за убиството на 26 годишниот Пинета Секондо – Пино, судот ја прогласи за виновна и ја осуди на затворска казна од 19 години.

Според судската пресуда, Ѓорѓиевска е виновна со тоа што помогнала во извршување на убиството кое, според доказите, го извршил Али Фуркан кој уште е во бегство.

26-годишникот беше убиен на 11 декември 2018, а неговото тело беше пронајдено во април 2019 година, кај местото наречено Башинец, во атарот на селото Љуботен.

Слични содржини