Деветнаесет пожарникари работеле синоќа на санирање на штети од невремето во Неготино

од Vladimir Zorba

Деветнаесет пожарникари работеле синоќа на санирање на штети од невремето во Неготино, проследено со силен ветер и поројни дождови.

-Општина Неготино, од 16:10 до 16:30 часот, беше зафатена од силен ветер и поројни врнежи од дожд, се направени штети, паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии на земјоделци и слично. За санирање на штети на терен биле ангажирани 13 пожарникари со три ПП возила од ТППЕ Неготино и шест пожарникари со 2ПП возила и две пумпи за испумпување на вода од ТППЕ Кавадарци, информираат утрово од ЦУК.

Активностите на екипите се завршени до 23.00 часот.

Слични содржини