Деветнаесет српски планинари се загубија на пат кон Љуботен

од desk2
97 прегледи

Деветнаесет српски државјани се загубиле на Љуботен. Цели 18 часа беспомошно лутале по Шар Планина во лоши временски услови и густа магла.

Седум македонски планинари тргнале да ги бараат низ Шар Планина за по пет часа конечно да ги пронајдат и спасат. Српските планинари, преморени и исплашени, им се заблагодарија на македонските планинари, бидејќи како што рекоа, ги спасиле во последен час.