Девојче (6) во Мајами побегнало од киднаперот: „Го гризнав и ме пушти“

од Stefanija Kuzmanovska
370 прегледи

Шестгодишно девојче во Мајами спречило сопствено киднапирање пред нејзиниот дом, откако го каснало напаѓачот, соопштуваат од полициската управа во Мајами.

Во саботата полицијата го уапси Леонардо Венегас, кој е обвинет за киднапирање и злоупотреба на дете. Девојчето во четвртокот си играло со своите роднини во дворот на станбениот комплекс кога во близина на станот забележале бел џип, јавуваат американските медиуми. Откако останала сама, седнала на скалите од станот, а потоа осомничениот Леонардо Венегас ненадејно ја грабнал.

Полицијата извести дека Венегас го зел девојчето и почнал да го носи кога таа го гризнала за раката и избегала.

„Го гризнав. Ме крена, а потоа ми удри шлаканица“, рекла таа во полициската станица и додала: „Потоа ме фрли на подот и почна да бега“.

Шестгодишното девојче потоа истрчало пред зградата и ѝ кажало на тетка ѝ што се случило. Полицијата во Мајами соопшти дека на снимките од надзорните камери се гледа како бел Range Rover влегува во станбениот комплекс, а осомничениот оди кон задниот дел на комплексот кон скалите каде што седело девојчето.

Шестгодишното девојче потврдило дека Венегас е човекот од видеото, а полицијата набрзо го привела. Неговиот адвокат одби да даде изјава за медиумите.

Слични содржини