Девојче ѝ се пожалило на Кејт: Мислев дека ќе ја запознаам Пепелашка

375 прегледи

Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, со својот сопруг ги посетиле градовите Мамблс и Порт Талбот во Велс, каде се сретнале со бројни обожаватели на британското кралско семејство.

Тригодишното девојче Анабел се „пожалило“ затоа што Кејт не дошла во убав фустан, а цел ден се радувала затоа што конечно ќе види принцеза во живо.

Како што открила нејзината мајка, Анабел цел ден се подготвувала и била возбудена што ќе запознае принцеза. Со оглед на тоа дека ја обожува бајката за Пепелашка и знае како изгледа, девојчето очекувало и дека вистинската принцеза, Кејт, ќе изгледа така.

Девојчето било разочарано затоа што војвотката дошла во темносин капут под кој носела плетен фустан и црвен шал.

Војвотката одела и се поздравувала со присутените, а кога се поздравила со Анабел мајка ѝ веднаш рекла дека таа е многу посакувала да запознае вистинска принцеза. Кејт на тоа возвратила:

– Жал ми е што денеска не облеков некој убав фустан, а Анабел додала дека мислела дека ќе ја запознае Пепелашка.

Слични содржини