За првпат во историјата на земјата, британски патолог го потврди загадувањето на воздухот како причина за смртта и во многу очекуваната одлука оцени дека тоа придонеlo за смртта на деветгодишно девојче во Лондон.
„Заклучувам дека загадувањето на воздухот претставуваше материјален придонес за смртта на Ел Адо-Киси-Дебра“, изјавил Филип Барлоу, патолог во лондонскиот округ Саутварк.
Ел Аду-Киси-Дебра починала на 15 февруари 2013 година од тежок напад на астма по триесетина хоспитализации во последните три години поврзани со оваа болест.
Во 2014 година, судството заклучи дека таа починала од акутна респираторна инсуфициенција предизвикана од тешка астма, а не поради загадување.
Тие заклучоци беа поништени во 2019 година, а апелациониот суд закажа нови рочишта поради научни откритија, особено извештајот на британскиот експерт за загадување на воздухот Стивен Холгејт од 2018 година.
Тој пронашол врска помеѓу хоспитализациите на Ел и високите нивоа на јаглерод диоксид и честички, најштетните загадувачи, во близина на нејзиниот дом.
Барлоу утврдил дека причините за смртта се акутната инсуфициенција на респираторниот систем, астмата од која настрадало девојчето и изложеноста на загадување, чие ниво ги надминало препораките на Светската здравствена организација.
„Аерозагадувањето е важен фактор што придонесува за започнување и влошување на астмата“, објаснил тој.
„Мајката на Ел не била информирана за нејзините здравствени ризици и доколку знаела, таа ќе преземела мерки што можеа да ја спречат смртта на нејзината ќерка“, додал тој.