Тешка несреќа се случила вчера во местото Лопар на хрватскиот остров Раб, кога тригодишно девојче паднало од воден тобоган и потоа починало.
Девојчето, кое е германска државјанка, по падот со хеликоптер било пренесено во Клиничко-болнички центар Риека, но лекарите не успеале да ѝ го спасат животот, известуваат хрватските медиуми.
Полицијата врши истрага со обвинителството.