50
Грозоморно злосторство рано утринава го потресе германскиот град Лајпциг. Според првите неофицијални информации, тринаесетгодишно девојче до смрт ја избодела својата помала сестра (7).
Според локалните медиуми, полицијата добила повик во периодот од петокот до саботата, а се сомнева дека постарата девојка ја избодела својата помала сестра, која во болница им подлегнала на повредите.
Тринаесетгодишното девојче било пренесено во специјализирана болница, а полицијата не сакала да соопшти повеќе детали, пренесува oe24.at.