Девојка (20) која била во „Пулс“: Паднав, ме газеа, лежев со лицето надолу

од Vladimir Zorba
3,3K прегледи

Марија Тасева, 20-годишната девојка која беше една од повредените во пожарот во дискотека во Кочани, сведочеше дека во моментот на пожарот имало гужва и дека кога излегла надвор паднала на земја.

„Сите почнаа да трчаат надвор. Сите бараа начин да се спасат. Сестра ми ја нема. Не можеме да ја најдеме во ниту една болница. Сега ги чекаме резултатите овде да ја најдеме, а ако не, на крајот ќе бараме во Скопје. Излегувајќи паднав на земја, а другите ме газеа, јас само лежев со лицето надолу“, рече Тасева.

Нејзиниот татко вели дека немаат информации за другата ќерка која има 25 години.

Слични содржини