Девојка нападната од поранешното момче пред кафеана

од Nikola Popovski
419 прегледи

Полицијата соопшти дека дошол до физички инцидент пред кафеана во скопски Аеродром.

Според МВР, во текот на вчерашниот ден во 16.20 часот во Полициската станица Аеродром, 26-годишна скопјанка пријавила дека во 15.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање, била физички нападната од Х.Ц. од Скопје, со кого претходно била во љубовна врска, се вели во соопштението.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од полицијата.