Девојка од Гостивар натепала маж, а во полиција пријавија дека тој ја малтретирал

од Берта Китинска
212 прегледи

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 22-годишна жителка на Гостивар за кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело – од член 366 став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетата, на 12 јануари, иако знаела дека оштетениот не е сторител, го пријавила во полициска станица како извршител на кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик, за кое гонењето се презема по службена должност. На критичниот ден, всушност, оштетениот бил нападнат од сега обвинетата, која најпрвин му удрила шамар, а потоа продолжила да го удира со нога во градите и да го гребе по вратот и главата, со што му нанела и телесни повреди – нагмечувања и гребаници, соопштија од ОЈО.

Слични содржини