Девојката која се снимаше прекачувајќи се кај мечките се извини: „Ги прекршив правилата“

од Берта Китинска
2,3K прегледи

Девојката која  се снимаше додека се прекачува преку оградите во Зоолошката градина во Скопје на височина во живеалиштата на кафеавите мечки и останатите животни и испушташе звуци за да им привлече внимание, признава дека ги прекршила правилата, но вели дека во ниту еден момент намерата не и била да се иживува со животните, туку сакала да направи интересно видео.

-Јас сум Мила и сакам да се извинам за видеото кое беше погрешно сфатено од страна на народот. Мојата цел во ниту еден момент не беше да ги повредам или вознемирам животните, а горе кај мечките се качив за да направам интересно видео. Во моментот кога се качив горе кај мечките, видов кришка леб и им ја фрлив. Вистина е дека ги прекршив правилата на Зоолошката градина, но не вистина дека ги вознемирив животните. Ова е еден лош пример како не треба да се однесувате во Зоолошката градина“, вели во видеото Мила Анастасовска, студентката по криминологија на Факултет за безбедност.

Тина Мицковска  портпарол во скопската Зоолошка вели дека можеби не разбрала до крај дека се што направи е погрешно како што се гледа во видеото.

-Мила сними видео и се извини. Можеби не разбрала до крај дека се што направи е погрешно како што се гледа во видеото, но тука сме да едуцираме и во иднина вакви работи да не се повторат никогаш. Ние ништо не сфативме погрешно како што кажува во ова видео- напротив сите погрешни работи се гледаат на претходната снимка која не вознемири сите.Секој кој сака преку снимање на видеа за социјални мрежи да биде во центарот на вниманието- нека прави убави работи, нека прави забавни видеа, нека покаже хуманост и емпатија. Има многу млади деца кои тоа го прават и се гордееме со нив.Се надевам Мила извлече поука од сето ова и дека ќе го поправи своето однесување. За почеток помогни и нахрани некое бездомно куче или маче.п.с Да дополнам-пријава ќе има!, пишува Мицковска на Фејсбук.

Слични содржини