ДЕВОЈКАТА НА ЕРИКСЕН ВО ШОК: Сабрина слезе од трибините за да стигне до Кристијан, обезбедувањето ја запре! ВИДЕО

од Vladimir Zorba
342 прегледи

Натпреварот помеѓу Данска и Финска на Европското првенство во Копенхаген беше прекинат денеска откако данскиот фудбалер Кристијан Ериксен се сруши на тревата.

Ериксен падна на теренот на крајот на првото полувреме на стадионот „Паркен“.

Ериксен беше реанимиран од лекари на теренот и опкружен со данските фудбалери кои плачеа.

Финската репрезентација се засолни на другата страна на теренот и сите се во шок.

Навивачите на трибините се во шок и многумина плачат и со неверување гледаат што се случува на теренот.

Во еден момент во кадарот се најде девојката на Ериксен, Сабрина, која со солзи во очите и со голем страв ги следеше овие непријатни сцени. Таа слезе од трибините и се обиде да стигне до Кристијан, но обезбедувањето ја спречи во тоа.

До неа дојде и легендарниот дански голман Кастер Шмајхел кој се обиде да ја утеши.

Слични содржини