Девојката на Кијану Ривс откри што се случувало кога јавноста дознала за нивната врска

445 прегледи

Александра Грант, девојката на Кијану Ривс, во разговор за бритнаски Vogue се присетила на времињата кога таа и актерот јавно признале дека се во врска. Гласините започнале да се шишра откако биле воочени како се држат за рака на улиците на Холивуд.

„Сите кои ги познавам ми се јавија, тоа ми беше фацсинантно“, рекла уметницата.

Грант признала дека таа воопшто не сака да изгледа како Ким Кардашијан и дека ја мрази идејата дека мора да се вклопи во тоа друштво.

Запрашана за брак, таа одговорила:

„Љубовта во секоја смисла е длабоко врзана за мојот идентитет. Изолацијата ми одговара кога сликам, но тоа не е решение. Длабоко го ценам чувството ан врзаност“.

Кијану и Александра биле блиски со години, соработувале на книгата Ода на среќата, која ја напишал Ривс, а Грант ги направила цртежите.

Слични содржини