Девојката на Маск: Нашето дете само ќе одлучи за својот пол

411 прегледи

Пејачката Гримс, чие вистинско име е Клер Бучер, на почетокот на оваа година објави дека е бремена од бизнисменот и директорот на фирмата SpaceX, Илон Маск. Веднаш по објавата за бременоста, фановите започнале да се прашуваат дали бебето е момче или девојче. Иако сите претпоставувале дека парот ќе го одгледува детето на традиционален начин, малку кој се надеваше дека тие нема да откријат кој пол ќе биде бидејќи сакаат тоа само да одлучи дали ќе биде момче или девојче.

„Тие мораат сами да одлучат за својата сидбин и идентитет“, напишала Гримс на својот Твитер профил и објаснила дека таа и Маск, нивните деца ќе ги растат под заменката „тие“.

Пејачката оваа вест ја споделила со следачите на Твитер, одговарајќи на прашања од обожавателите.

„Нивната приватност мора да биде заштитена бидејќи тие станаа познати личности без нивна дозвола. Не сакаме да ги одредиме со пол, со кој можеби нема да се идентификуваат“, додала.

Гримс која моментално е во седмиот месец од бременоста, веста за истата ја објавила на малку бизарен начин. На својот Инстаграм профил објави фотографија од своето голо тело, преку кое било фотошопиран лин на фетус. Фотографијата, поради строгите правила на Инстаграм кои забрануваат покажување на брадавици, наскоро била тргната и заменета со нова.

Пејачката открила дека таа и Маск веќе одбрале авангардно име за детето, но не сакаат да го соопштат.

Слични содржини