Дезертерите се најголемата опасност за украинската армија

од Milan1
141 прегледи

Масовното дезертирање од првите линии на фронтот ја загрозува украинската армија, на која очајно и требаат свежи сили и ги оневозможува борбените планови во клучен момент од војната против Русија. Сето ова може да го стави Киев во неповолна положба во идните преговори за прекин на огнот.

Соочувајќи се со тешка ситуација, десетици илјади уморни украински војници ги напуштаат своите борбени позиции, пренесува АП.

Цели единици ги напуштија своите позиции, оставајќи ги одбранбените линии ранливи и забрзувајќи ги територијалните загуби, истакнуваат воените команданти и војници.

Некои заминуваат на лекување и никогаш не се враќаат, прогонувани од траумите на војната и деморализирани од мрачната перспектива за победа.

Други се судираат со командантите и одбиваат да извршуваат наредби, понекогаш среде престрелки на првата линија.

„Овој проблем е критичен. Ова е трета година од војната и овој проблем само ќе расте“, вели Олександр Коваленко, воен аналитичар од Киев.

Слични содржини