Баерн Минхен доживеа дежа ву, откако поведе, но загуби од Реал Мадрид со 1:2 во првиот полуфинален судир на Лигата на Шампионите, одигран на стадионот „Алијанц Арена“. Како што знаеме, токму така минатата сезона се разви натпреварот помеѓу двата тима.
Двата тима одиграа изедначено во првото полувреме, во кое нападите се редеа пред двата гола. Џошуа Кимих го отвори резултатот во 28-тата минута по изненадувачки удар од десната страна, но непосредно пред одморот Марсело израмни со шутот од ивицата на казнетиот простор.
Десетина минути по паузата еден од најнеубедливите на теренот, Рафиња направи грешка во центарот на теренот и Реал постигна нов гол по брза контра, завршена маестрално од Марко Асенсио.
До крајот имаше шанси и пред двата гола, но ударите на Рибери беа спасени, а убав погодок на Кристијано беше поништен поради игра со рака.
Реваншот е следниот вторник на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.