Џафери: 88 пратеници примиле „Спутник V“

од Берта Китинска
332 прегледи

Претседателот на Собранието,  Талат Џафери денеска информираше дека 88 пратеници се вакцинирани против ковид 19

„Против ковид-19 минатата недела беа вакцинирани 88 пратеници и околу 200 вработени во собраниските служби, втората доза од вакцината Спутник V, треба да ја примат на 14 мај, додека службениците неколку дена претходно“, изјави Џафери.

Тој информираше дека останатите пратеници и вработени во службите во консултација со лекари дополнително ќе бидат вакцинирани.

Слични содржини