Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска се обрати на продолжувањето на Обуката за превод и толкување, организирана од Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, која треба да помогне за надминување на предизвиците со кои се соочуваат преведувачите во секојдневната работа и решавање на унифициран начин, со изедначена административна терминологија.
-Ова од причина што, покрај правото на употреба на јазикот, треба да се води сметка и за тоа што значи чување, промоција и развој на стандардниот, чист, коректен јазик што ќе биде пример и патоказ за сите оние што на овој или на оној начин допираат до пошироката јавност, имаат влијание врз растот и развојот на новите генерации и најбитното, за олеснување на работата на институциите, преведувачите во институциите и зголемувањето на вредноста на јазикот. Јазикот е жива материја, постојано под влијание на тековите, различните влијанија и затоа треба да се прилагоди, да се модернизира меѓутоа, не и да се претера затоа што, ништо не може да се спореди и да звучи поубаво од чистиот, стандарден а сепак, изворен јазик, рече Џафери во обраќањето.