Џафери до Апасиев: Професор сте по римско право, а ни држите предавања по уставно право

од Nikola Popovski
250 прегледи

Вие сте професор по римско право, а тука ни држите предавање по уставно право. Треба да ги учите студенти како да правите разлика, вака му возврати претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната седница на пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, откако беше обвинет дека нема право да биде член на претседателството на ДУИ, бидејќи Уставот му забранува.

Спикерот појасни дека „Талат Џафери нема никаков уставен проблем или пречка да биде член на партиските органи бидејќи Џафери уште од основањето на ДУИ е член на претседателството на ДУИ“.

-Џафери не врши партиска функцијата како претседател, заменик-претседател или генсек. Немате право тука да одлучувате вие, му порача Џафери на Апасиев.

Пратеникот од Левица побара од претседателот на Собранието да си поднесе оставка од партиската функција или ќе биде поднесена пријава до Антикорупциската комисија.

Во членот 67 од Уставот се вели: „Функцииата на претседателот на Собранието е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија“.

Најавата за преиспитување на учеството на собранискиот спикер во раководството на ДУИ следува по саботниот состанок на Централниот совет на партијата, кој Џафери предвреме го напушти откако искажал забелешки за некои кадровски решенија и не биле прифатени неговите предлози за членови во раководните партиски тела.

Претходно лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети на седницата на Генералниот совет во саботата на сопартијците им го предложи Џафери за член на партиското претседателство.

Слични содржини