Доколку Европската унија сака поголема стабилност во своето соседство, тогаш потребна е кредибилна европска перспектива за Западен Балкан заснована на систем на заслуги. Доколу потфрли и не ги испочитува темените вредности врз кои е градена, (просперитет, мир и безбедност за сите граѓани), ризикува да стане неатрактивна за нас како земји – кандидати, рече собранискиот спикер во своето обраќање на 10. состанок на спикери на парламенти од земјите од Југоисточна Европа за проширувањто, на тема „Можностите на земјите од Југоисточна Европа и нивниот придонес кон градењето на иднината на Европа.
Тој во својт говор во унгарското Национално собрание, потенцираше дека кога француските амбасадори ја посетиле Македонија, ги информирал дека со високиот процент на граѓани кои се за влез во Европската Унија, паралелно расте и високото разочарување.
-Секое ново шестмесечно одлагање на почетокот на преговорите, ни ги скратува можностите да напредуваме во тие преговори и да работиме уште помотивирано на европската агенда. Франција, како иден претседавач со Советот на ЕУ, несомнено ќе ги поддржи нашите аспирации а ние секако сме тука да им помогнеме за проширувањето, не само да стане еден од приоритетите на француското претседавање, туку да биде фактичка реалност преточена во старт на првата меѓу-владина конференција со Европската унија, рече Џафери.
Говорејќи на темата „Можностите на земјите од Југоисточна Европа и нивниот придонес кон градењето на иднината на Европа”, спикерот на македонскиот парламент, посочи дека државата постигна импресивен напредок на полето на спроведување на пакетот клучни реформи и дека со потпишувањето и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, служиме како модел за внатрешна кохезија, унапредување и негување на меѓуетничките односи.
-Верувавме дека со потпишувањето на договорот со Бугарија и прифаќањето на сите предлози на претседателството на Европската Унија предложени минатата година, вклучително и предлогот од мај 2021 година, ќе го надминеме и спорот со Република Бугарија меѓутоа, за жал, одговорот од Бугарија е во сосема спротивна насока, комплетно го менува пристапот кон процесот, што е спротивно на напорите за зајакнување на довербата и непречениот политички дијалог. Се разбира, моменталната комплексна ситуација во Бугарија оневозможува наш поактивен дијалог, вклучително и на парламентарно ниво, каде како колеги пратеници би можеле поотворено и на пофлексибилен начин да разговараме и заеднички да придонесеме кон надминување на оваа состојба со изнаоѓање на компромис на отворените прашања, рече Џафери.
Тој смета дека и покрај сите пречки, реформскиот процес во земјата продолжува. На крај во свотето обраќање Џафери потсети дека во Повелбата за добрососедски односи, стабилност, безбедност и соработка во Југоисточна Европа од 2000 година, заедничка обврска на сите е безрезервно почитување на принципите и нормите на Повелбата на Обединетите Нации кои треба да помогнат во решавањето на отворените прашања бидејќи само на тој начин ќе се овозможи забрзување на процесот на евроинтеграции.
Б.Т.