Џафери ги повика учесниците во локалните избори на фер игра

од desk4
146 прегледи

Собранискиот спикер Талат Џафери со апел до учесниците во изборниот процес, целосно да ги почитуваат Уставот и законите. Од, надлежните институции очекува да обезбедат избори на ниво на кое што се очекува од земја – членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ.
-Апелирам до сите учесници во изборниот процес целосно да ги почитуваат Уставот, законите, и да се однесуваат согласно Етичкиот кодекс, како и да осигурат дека кампањата и самиот ден на изборите ќе се одвиваат во духот на демократијата, фер изборeн процес и еднаквост на сите граѓани. На сите кандидати за градоначалници и членови на совети им посакувам успех во изборниот процес, посочува Џафери.