Собранискиот спикер Талат Џафери на денешната прес-конференција изјави дека нема проблеми во процедурата при носесење на Законот за ЈО.
-Законот е донесен во соодветна процедура. Ако на самото место се утврди дека пратениците се внатре и реагираат дека не го оствариле своето право да се изјаснат, моја обврска е да ја повторам постапката за да можат да ја изразат својата волја. Во однос на Законот за Совет на јавни обвинители, факт е дека, воден од претходните седници на кои два закони беа изгласани со Бадинтер, реков пратениците да се подготват да гласаат по Бадинтер. Кога го видов официјалното сценарио, сфатив дека сум направил грешка и нормално е човек да направи грешка. Законот е изгласан без Бадинтер, така е предвидено, впрочем тоа беа измени и дополнувања, а тие се донесуваат како што е донесен основниот закон. Основниот закон е донесен без Бадинтер. Јас имам право на грешка, рече Џафери.
Во однос на Законот за јавно обвинителство, кој беше донесен по повторено гласање, Џафери вели дека морал да го поништи гласањето оти имало пратеници кои реагирале дека не гласале.
Лидерите решија да го вратат мандатот кај вас, обврска е на институциите да обезбедат услови за спроведување на фер, слободни и демократски избори на кои вие ќе го искористите вашето демократско граѓанско право и обврска, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери.
– Апелирам до сите учесници во овој изборен процес – политички партии, партиски членови, членови на избирачките одбори и општинските изборни комисии и најважно од се медиумите да бидат на висина на својата задача да придонесат изборниот ден да биде свечен и да биде уште еден позитивен прилог во извештајот за напредокот на земјата што треба да биде објавен во март со што ќе дадеме свој значаен удел во позитивниот исход на Самитот во Загреб и да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, изјави Џафери на прес-конференцијата која е во тек.