Џафери: И покрај сиот вложен труд, сѐ уште ја чекаме првата меѓувладина конференција со ЕУ

од Берта Китинска
207 прегледи

И покрај сиот вложен труд во воспоставувањето на добрососедски односи и почитување на основните принципи на меѓународното право и поредок – како што е утврдено во Повелбата на Обединетите нации, се уште е во очекување на првата меѓувладина конференција со Европската унија, кажа претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, во неговото обраќање на деветтата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Тој во своето излагање потенцирал дека не можеме да бидеме ниту слепи, ниту имуни на тие закани од глобаните трендови.

– Глобалните, регионалните и националните трендови што се појавуваат, влијаат и врз развојот на Северна Македонија. Ние мораме да бидеме подготвени заеднички, координирано и со што помалку штети да ги надминеме тие предизвици. Затоа, синергијата што се воспоставува на овој форум и на сите други меѓународни форуми е од суштинска важност за развој и благосостојба на државите и нашите граѓани., истакнал Џафери.

Слични содржини